Купуваш стара куќа на село и добиваш 2600 евра

Се продава стара куќа во Коториба од 115 метри квадратни станбена површина и повеќе од 4000 метри квадратни двор. Има четири соби, кујна, бања и претсобје, а цената и е 39 илјади евра. Ако некој се реши да ја купи оваа куќа, за која не е наведена годината на градење, купувачот може да се јави во Општина Коториба која има донесено одлука за мерки за субвенционирање на недвижностите.

Општината нуди до 2600 евра помош, со што сака да ги поттикне младите семејства да останат тука и да не се иселуваат, но истовремено сака да спречи недвижностите да почнат да се распаѓаат.

Право на субвенции имаат сопственици на недвижности кои се постојано вработени најмалку една година на денот на пријавување на конкурсот и немаат во своја сопственост стан, куќа, викендичка или сличен објект за живеење. Во случај да се работи за новоградба на место на урната стара куќа, сопственикот мора во рок од две години да добие градежна дозвола и да ја заврши куќата за шест години.

 

 

Оцени ја веста

16.03.2015 - 10:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега