Две деца тешко повредени во страшна сообраќајка пред Прилеп
Две малолетни лица се тешко повредени во сообраќајна несреќа попладнево кај село Сирково, на патот Градско- Прилеп.
Во тешката сообраќајка која се случила пред бензинската станица кај Сирково, според полицијата, учествувале 3 патнички моторни возила од кои едното престигнувало друго возило и директно удрило во третото кое доаѓало од спротивната насока.
Двете малолетни лица со тешки телесни повреди се пренесени на скопските клиники.
Оцени ја веста
15.03.2015 - 21:35
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа