14 години од бомбардирањето - во сеќавање на 16-те загинати работници во телевизијата РТС
Рано утрото во 2:06 часот навршија 14 години од нападите на НАТО на РТС во ноќта на 23 април 1999 година, кога загинаа 16 работниците во медиумската куќа РТС.
Во знак на сеќавање на погинатите во паркот во Белград, кај зградата на РТС, е подигнат споменик. Пријателите и семејствата на настраданите до ден денес си го поставуваат прашањето зошто тие загинале. Меѓубародната организација за човечки права „Hjuman rajts voc“ во 200 година соопштила дека немали никакво оправдување за бомбардирањето на оваа зграда.
„За прв пат во историјата е погодена една медиумска куќа која претходно беше прогласена за легитимна воена цел. И покрај воената пропаганда на овој медиум, немало никакво воено оправдување за бомбардирањето на зградата на РТС. НАТО не ги предупреди цивилите. Зградата е сместена во густо населено градско подрачје. Во неа има лица 24 часа. Ова било потполно непотребен напад“, е наведено од страна на организацијата.