Скопјанец вработен во Комуналец му експлодирала ќеса со запалки во рака

На 14.03.2015 година околу 13,00 часот во Скопје, во населба Ѓорче Петров, на ул. „Воин Драшковиќ“ вработен во комунална хигиена при подигнување отпадоци од контејнери, во моментот кога подигнал најлонска кеса, истата експлодирала, при што се здобил со повреди во пределот на раката. Кесата била полна со запалки за рачни бомби. Повредениот е пренесен во ГОБ „8-ми Септември“-Скопје, каде му се констатирани телесни повреди. Пронајдениот материјал е предаден за вештачење, се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

 

Оцени ја веста

15.03.2015 - 12:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега