Димитриев: Груевски ќе испрати силни пораки
Масовно присуство се забележува пред Спортскиот центар Борис Трајковски каде за половина час се очекува да започне голема трибина на ВМРО-ДПМНЕ.
Генералниот секретар на владејачката партија, Емил Димитриев истакна дека во секојдневната комуникација со општинските комитети, членовите на партијата иницираа собир на кој ќе бидат испратени пораки за актуелните политички случувања.
-Главните пораки денес ќе бидат испратени од премиерот Никола Груевски. Посветеноста во решавањето на реалните проблеми на граѓаните, нормалната политичка комуникација и легалниот избор на владејачка структура не можат да бидат заменети со деструктивноста која ја иницира опозицијата, истакна Димитриев.
Тој истакна дека се очекува масовна посетеност, бидејќи поканата е јавно отворена за сите заинтересирани.
Веќе се забележува позитивна атмсфера кај граѓаните за да ги чујат пораките кои, како што рече Димитриев, треба да бидат земени предвид од сите политички фактори.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа