Голема трагедија пред Кичево: Цело семејство загина во сообраќајка

Денес околу 13 часот се случи страшна сообраќајна несреќа во која загина тричлено семејство на патот Битола – Кичево кај село Белица.

soobrakajka

 

На лице место починаа мајка, татко и 24 годишниот син од едно кичевско село. Тројцата биле во автомобил фоласфаген поло со кичевски регистарски таблици.

Во несреќата повредени се уште две лица од прилепско, 31 годишен маж со тешки телесни повреди и неговата една година помлада сопруга со полесни повреди кои биле во возило мерцедес со прилепски регистарски таблици.

Како се случила несреќата засега не се соопштува, од СВР Охрид информираат дека се уште се работи на расчистување на причините.

Од засега непознати причини дошло до судир меѓу двете возила. Автомобилите биле потполно уништени а при вадењето на телата интервенирале и пожарникарите.

Магистралниот пат Кичево Битола попладнево беше затворен за сообраќај во двата правци. На лице место увид изврши полицијата, истражен судија и јавен обвинител.

 

 

Оцени ја веста

14.03.2015 - 18:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега