Тајниот проект “дегруевизација”
Ако СДСМ употребеше само половина од енергијата во конструктивност, како што изминативе речиси три децении потроши на деструктивност и креирање кризи, денеска Македонија веројатно ќе беше Луксембург на балканите. Но, во конструктивност со државен интерес вложуваат одговорни и креативни политичари. Неодговрните и безидејни, во мрачни и мувлосани подруми, ја егзистираат својата омраза која потоа ја шират како заразен кризен вирус. Својата неспособност пак спакувана во ампула со привидно модерен лик ја нудат како лек за истата криза. И се така во недоглед.
Најголемата пречка за македонскиот развој сиве овие години беа искреираните политичките кризи. Низ што се не помина државата. Од афери, блокади, атентати, конфликти, инциденти.. криза по криза. Да му се смачи на човек кога ќе се сврти назад и ќе види на што се трошела енергија македонската политичка елита (или политички буклук, термин кој некако многу посоодвенто им прилега). Да ти се “превртуеје у стомак”, како што сега тоа трендовски, во еден глас, како од некој матрикс, го извикуваат политичките хористи – новокомпонирана професија која се дразни на потребата од заблуди.
Последната заблуда која треба да се постигне преку оваа најнова криза е “дегруевизација” на Македонија. Системско бришење на меморијата на граѓаните и чипување на умот до состојба на гадење и “превртуенје у стомак” на секое изговарање на зборовите “ВМРО, Груевски” (и некои други) кои педантно ќе бидат внесени во чиповите кои граѓаните веројатно ќе ги добиваат бесплатно.
“Дегруевизацијата” подразбира поклопување, обезвреднување, сатанизирање и историско бришење на се она што може со голо око да се види и со здрав разум да се вреднува како економски и државен развој во еден историски период на една владеачка политика во Македонија. Едностанов никој на ништо да не смее да се присети. Со омраза да го гледа се она што е реално создадено и изградено во времето на таа власт. Калта со која треба да се поклопи, блатото во кое треба да се закопа сето ова, е перверзно искреираната воајерско-дразнечка криза, каде емоциите треба да го надвладеат разумот. Сеирот да ги замени доказите. А монструозното киднапирање на слободата да стане инструмет за политичка борба.
Пректот “дегруевизација” не е само идеја, тој е и суштината на политичкото дејствување на опозицијата во Македонија. Без него практично е невозможно, ниту доаѓањето на СДСМ на власт, ниту пак е возможно какво било подолго опстанување на политичката сцена.
Со “дегуевизацијата” практично ќе се елеминира мерниот критериум за тоа што е одговорно, а што неодговорно владеење. Или за тоа што и како може и треба да се очекува да направи една власт, а што не. Тоа на СДСМ и е потребно за да го врати во пракса нивото во кое нејзината политика станува мерлива. Без “дегруевизација” тоа ниво е практично недостижно. Зошто? Затоа што на секоја неуспешна политика, на секој нереализиран проект, на секое укинување на која било бенефиција во која било општететвена категорија, граѓаните ќе посочуваат со прст и потсетуваат на времето кога не доцена плати и пензии. Кога конкуренцијата во бизнисот беше креативна вредност. Кога Скопје и Македонија беше градилиште. Ако не се посипе со пепел се што произлезе како градба, како проект, како идеја од оваа власт, тогаш приказната за “диктаторот” е недовршена. А кога е недоврашена, тоа по дефиниција значи дека не е затворена. Затоа на опозицијата и е потребно погребение на делата на оваа власт. Затоа што за секого и секогаш и најлошата кич зграда е и ќе биде подобра од нечиј празниот простор.
Тоа е крајната цел на финалето од оваа криза во серија, чии корени како единствена алтернатива на политиките на оваа власт, верификувана и како “надеж”, почнуваат некаде само шест месеци по изборите во 2006 година и само три по преземањето на власта во август истата година.
Од денешна дистанца кога ќе фрлите еден хронолошки поглед на настаните од тогаш до денеска ќе видите само еден континуитет во политиката на опозицијата. Тоа е правопропорционалното вложувње енергија само и само во креирање кризи. Некои настани од таа 2006, 2007, 2008,… поради кои се случуваа кризи, денеска се смешни. Да! Смешни, но и желни, бидеќи Македонија секогаш со секоја криза губше од својот здив. Во тој поглед назад ќе видите и дека флоскулите за демократија, слобода, диктатура, тотоалитаризам се костурот на сета опозициска полтичка иконографија. Од првиот партиски роденден по празот, на 23 април 2007, кога Шекеринска го вади слоганот “за слободата”, па се до концертот на дуото во универзала минатата недела.
Ах.. Надеж.. Надеж..
Марјан Николовски – Новинар
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа