Стружанец си точел гориво со службената картичка - ја оштетил фирмата за 500 евра

Полициската станица Струга поднесе кривична пријава против А.В. (49) од село Радолишта, струшкото поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“. Пријавениот, во својство на директор на јавното претпријатие „Проаква“, во текот на април 2013 година ја злоупотребил својата положба и овластување, односно направил злоупотреба на службената картица за точење на гориво која лично ја должел. Пријавениот во неколку наврати овозможил точење гориво во десеттина патнички моторни возила кои не се сопственост на МЈП „Проаква“ со што го оштетил јавното претпријатие во вкупен износ од 30.380 денари. 

 

 

Оцени ја веста

14.03.2015 - 12:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега