За 300 евра им договорил илегален превоз на границата со Србија

Регионалниот центар Север поднесе кривична пријава против С.С. (39) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на безвизен режим со земјите членки на ЕУ и шенгенскиот договор“. На 16 февруари полициски службеници кај местото викано „Киселица“ на македонско-српската граница забележале три лица како ја преминуваат државната границата од Македонија кон Србија. При тоа биле пронајдени и приведени лицата С.С. (39) и семејството А.А. (30), Џ.А. (27) и две малолетни деца на возраст од една и четири години од Струмица, со место на живеење во Банско. На лицата Џ.А., А.А. и С.С. им биле изречени платни налози, а по извршениот разговор со А.А. тој изјавил, дека за сума од 300 евра, претходно се договорил со пријавениот да ги префрли и им организира превоз заедно со неговото семејство илегално да ја преминат државната граница од Македонија кон Србија и оттаму со друг превоз ќе бидат превезени до Германија.

 

 

Оцени ја веста

14.03.2015 - 12:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега