Драма во Гостивар - повредени двајца работници

Педест и две годишниот електро-монтер  Љ.Х. од село Равен се здобил со тешки повреди откако вчера околу пладне паднал од дрвен столб додека работел на замена на електричен кабел на улицата „Илинденска" на излезот од Гостивар, информира денеска СВР Тетово.

При падот Љ.Х. се здобил со скршеница на левата потколеница, десното рамо и карлицата. Набрзо бил пренесен во гостиварската болница, а потоа пренесен на скопските клиники. На местото на насреќата при увидот учествувал и државен трудов инспектор, кои заедно со полицијата треба да утврдат како дошло до повредување на работникот.

Од СВР Тетово информираат за несреќен случај при работа и на улицата „Сретко Крстески" при замена на водоводна цевка. И.Н.(49) вработен во ЈП Водовод, додека работел во дупка на дефект, врз него се одронала земја од ископот и му ја повредило едната нога. И во овој случај бил извршен увид на екипа на СВР Тетово и државен инспектор за труд.

 

 

Оцени ја веста

14.03.2015 - 11:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега