Откриено зошто бил убиен мажот пронајден на улица во Белград

Телото на Мирослав Ч. кое утрово беше пронајдено изрешетано на улица во Белград, се наоѓало на 150 метри од телото на убиениот таксист со потекло од Македонија, Чире Тренески. Според најновите податоци кои ги објавија српските медиуми, безживотното тело на 39-годишниот маж било пронајдено во локви крв среде улица, изрешетано со автоматско оружје.

Најновите податоци на српскиот Курир говорат дека Мирослав бил свирепо убиен додека се обидувал да му помогне на изрешетаниот таксист кој во моментот на убиството бил на работа. Тој не знаејќи кој пукал, се доближил до возилото на момците кои го ликвидирале Чире, за да им понуди помош, но тие извадиле оружје и го усмртиле на лице место. Потоа, убијците го украле и неговото возило и заминале во непознат правец.

За потсетување, синоќа околу 20 часот телото на Чите беше пронајдено облеано со крв среде улица во Белград, а утрово за време на истрагата, на 150 метри од местото на крвавиот злочин, полицијата го откри и телото на несреќниот Мирослав кој бил убиен бидејќи се нашол на погрешно место во погрешно време.

Истрагата е во тек и ќе покаже кој е мотивот за убиството на таксистот.

 

 

 

Оцени ја веста

13.03.2015 - 15:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега