Момче го удрило струен удар од 25,000 волти - се бори за живот
Драган Милошевиќ пожарникар и чувар на железничката станица во Ниш како што пренесува Блиц, бил првиот кој што пристигнал да му помогне на дванаесетгодишното момче Ѓ.М. кое доживеало струен удар од 25,000 волти.
Инцидентот се случил меѓу 10 и 11 перон. Детето почнало да гори, додека неговиот другар почнал да се дере и да вика по помош.
Помагајте, ми гори другарот! Го зграпчив противпожарниот апарат и трчав 300 метри. Меѓу 10. и 11. перон видов дете како гори. Плачеше и врескаше: Ве молам спасете ме! Крв му излегуваше од устата, а главата му беше повредена. Гореше како факел. Во животот не сум видел ништо пострашно, а војував на Косово, изјави за Блиц Драган Милошевиќ.
Момчето веднаш било пренесено со амбулантно возило до најблиската болница, а во тоа време луѓето можеле да видат како му паѓало месото од јагленисаното тело.
- Неговото другарче да дојдеше минута подоцна, целиот ќе беше јагленисан. Сакам да преживее и да го запознам – вели Милошевиќ.
Тоа се здобило со изгореници од 90 проценти од кожата. А немилиот настан се случил додека со другарите се качувал на вагоните, и се фатил за високонапонскиот стурен лак.
Полицијата соопшти дека детето си играло до другарите качувајќи се на вагоните кога се фатил за високонапонскиот струен лак.
- Тоа се тешки длабински изгореници. Беше примен свесен, но набрзо стана дезориентиран и мораше да го приклучиме на апарат за вештачко дишење. Едната страна од телото му е јагленисана, односно прекриена со изгореници од четврт степен. Неговата состојба е тешка и тој е во животна опасност - изјави директорката на клиниката.
-Срце мое, врати се дома. Немој сега да ме оставаш. Ве молам спасете го мојот убавец. Кого сега ќе љубам во косичката – липаше бабата Светлана Митиќ, гушкајќи ја и бакнувајќи ја сликата на своето внуче. Таа со сопругот Зоран го пораснала Ѓорѓе, бидејќи мајка му се разболела уште додека била бремена, а таткото никогаш не го запознал.