Германците бараат Грција да излезе од еврозоната

Поголем број од Германците се изјанија Грција да ја напушти еврозоната, покажуваат резултатите од анкетата на германската телевизија ЗДФ, според која 52 отсто од граѓаните на Германија ја заговараат таа опција и сметаат дека Владата во Атина е несериозна, пренесе МИА.

Тоа е за 11 проценти повеќе во споредба со анкетата од пред три недели. Само 40 отсто од Германците изјавиле дека Грција треба да остане во еврозоната.

Пред три недели за останување на Грција во еврозоната се изјасниле 52 проценти од испитаниците, пренесе МИА.

 

Покрај недоразбирањата поврзани за финансиската поддршка на Грција за санирање на нејзините финансии, меѓу двете земји постојат и различни ставови за репарацијата од Втората светска војна.

 

 

Оцени ја веста

13.03.2015 - 12:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега