„Јана ништо не слушнала ниту видела, така заминала во смрт"

15-годишната Јана Џуриќ која загина откако ја прегази воз, не го ни видела ни слушнала додека се движела по пругата, бидејќи имала слушалки.

- Јана обожаваше музика, слушаше и пееше по цел ден. Не ни приметила дека има воз на пругата и дека ќе замине во смрт, велат нејзините другари, пренесува Курир.рс.

Околностите во кои загина тинејџерката сеуште не се целосно утврдени.

- Јана се качила на пругата во момент кога возот бил на околу 100 метри оддалеченост. Имала слушалки на ушите, па не ни насетувала каква трагедија ќе се случи. Иако возот се движел со триесет на час, сепак ударот бил јак и девојчето било усмртено на лице место, вели извор за српскиот Курир.

Нејзините другари велат дека пред да загине, била кај своето момче, па од таму си тргнала накај дома.

Србија е п-отресена од големата трагедија.

 

 

Оцени ја веста

13.03.2015 - 10:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега