24 лица починале од грип во Србија

Во Србија од грип досега починаа 24 лица, соопшти денеска Институтот за јавно здравје „Д-р Милан Јовановиќ Батут“, пренесоа српските медиуми.

Епидемија е проглаена во три округа во земјата. Меѓу починатите 17 биле на возраст од 35 до 64 години. Голем  дел од нив имале и некакво друго хронично заболување.

Во 14 смртни случаи лабораториски е потврдено присуството на грипот А/Н1/, типот А е регистриран во пет, типот А /Н3/ во три, и типот Б кај дваца починати пациенти.

 

 

Оцени ја веста

12.03.2015 - 20:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега