ФОТО: Баба Стана од Лебане едвај се спаси, свлечиште и ја урна куќата

Спиев кога ме разбуди страшна бука. Станав и видов само прашина, затрупана врата и уништена куќа. Соседите полусвесна ме изнесоа низ прозорец, раскажува Станојка Радосављевиц (80) од Лебане, на која свлечиште и ја урна куќата и целосно ја уништи.

Несреќната жена ја спасило тоа што спиела во соба која се наоѓа во делот од куќата што е помалку оштетен.

-Околу 4 часот ме разбуди чуден звук, како земјотрес, кој не престануваше. Дојдов до вратата но не можев да ја отворам поради греди и цигли. Минатата ноќ спиев кај соседите, но незнам како понатаму зошто немам никој свој, вели Станојка, врз чија куќа се урнаа неколку десетици кубици земја.

Според првите проценки, свлечишетото кое се активирало од обилните врнежи претходните денови, во овој крај предизвика материјална штета од околу 30 милиони динари, а загрозени се околу 30 станбени објекти.

 

 

Оцени ја веста

12.03.2015 - 19:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега