Грчките плажи преполни - 23.000 Македонци за продолжениот викенд заминаа во Грција

Вкупно 23.000 граѓани вчера и денес ја поминаа јужната граница и заминаа во Грција за да го искористат продолжениот викенд.

Утрово од 6 до 9 часот поминал ударниот бран на патници од земјава кон Грција на граничниот премин „Богородица“.  До 10 часот овде границата ја минале вкупно 7.300 патници, од кои 5.500 на излез од земјата, а 1.800 на влез во Македонија.

Во текот на вчерашниот ден македонско-грчката граница на „Богородица“ ја минале 16.000 патници.

Денеска е пораздвижено и на граничниот премин „Дојран“. Утрово до 10 часот границата ја минале вкупно 1.516 патници, од кои дури 1.442 на излез од Македонија и само 74 на влез во земјата. 

 

најчитано сега