Јакимовски: Жерновски нема да има казни ако работи законски

 

Поранешниот функционер на СДСМ и актуелен градоначалник на општина Карпош за време на неговото гостување во телевизијата 24 Вести посочи дека градоначалникот на општина Центар Андреј Жерновски не сакал да плаќа казни, потенцирајќи дека тој само на еден начин може да ги избегне казните, а тоа е ако работи законски.

- Ако на градоначалникот на општина Центар Андреј Жерновски му се одредат казни тој веднаш смета дека тоа е репресија од страна на Власта врз опозицијата, а и Владимир Тодоровиќ имал казни кои си ги плаќал. Значи Тодоровиќ можел да плаќа казни, а Жерновски не може, рече Јакимовски.

Тој смета дека кој работи чесно и чито нема да има казни, потенцирајќи дека законите важат подеднаково за сите.

- И мене ми доаѓаа контроли. Но ако работиш чисто и ако знаеш да работиш како што треба, нема причина вие да бидете казнувани. А ако ги кршите законските прописи тие Закони важат и за сите нас, и за сите останати. И јас бев опозиција но успевав општината Карпош да функционира како што треба, и најголемиот развој Карпош го доживеа токму како опозициона општина, потенцирше тој.

 

 

Оцени ја веста

10.03.2015 - 18:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега