Македонците гладни за индиска храна
Македонците сакаат да конзумираат традиционална индиска храна, покажува искуството на индискиот ресторан Пикок во Скопје. Менаџерите задоволни од интересот за храната и индиската традиција и истакнуваат дека изненадување е што бараат повеќе зачинета храна.
Храната е подготвена на автентичен индиски начин, со зачини и останати материјали кои доаѓаат директно од Индија.
Ресторанот е дел од интернационалната компанија ЦЕЛ Глобал, која покрај инвестицијата во ресторанот најавува инвестиции и во приватни образовани институции како детска градинка, средно училиште, а одговорна е и за изградбата на едукативниот кампус кој ќе биде сместен во близина на Велес.