СДСМ сака да го казни народот бидејќи не ја добива довербата на избори
СДСМ, лидерот Зоран Заев и неговите соработници се спремни за правење на дестабилизација во државата. Тоа досега се потврди неколку пати и на јавноста и стана кристално јасно која е крајната цел на политичарот кој сака да дојде на власт без избори.
Фактите кои излегоа на очиглед на цела македонска јавност докажуваат дека опозиционерите се свесни дека нивното штетно делување врз државата ќе им нанесе проблем на македонските граѓани.
Дестабилизацијата како нивна крајна цел ќе биде во корист единствено на нивните тесно партиски интереси.
„Ако нема народот доверба во нас, ќе го казниме“!
Овие луѓе со невидена леснотија гледаат на нанесување на дестабилизација на земјава и обид за креирање на граѓанска војна. Како што е “отплетува клопчето“ станува се појасно дека СДСМ сака да го казни народот. Тие од македонските граѓани не ја добиваат довербата со години по ред и со тоа не можат да се соочат, па сакаат да се спротивстават. Но, тоа не го прават на начин што креираат програма и проекти, туку со стратегија за дестабилизација на државата, стратегија која ја создадоа и ја реализираат, а која има за цел да го разединува македонското национално ткиво.
Токму тоа е во најголем интерес на странските служби. Токму ова го посакуваат структурите од надвор кои не и мислат добро на Македонија. Оваа земја има политичар на чело на опозицијата кој стана инструмент за исполнување на странските цели.
Револуција и граѓанска војна
Народот да се крене на нозе и да се сврти еден против друг. Тоа е состојбата која може да ја посака политичар кој преку легитимни избори никако не може да дојде на власт. Изминатиов период Заев се соочи со тотално разобличување на него како човек и на неговите планови и цели. Тој и неговите соработници креираа агентурна мрежа чија цел да се дестабилизира Македонија се откри пред македонските граѓани.
Комункацијата меѓу Верушевски како семејство, нивните преписки со Заев и со други соработници ги разрешија сите дилеми.
Пораките кои не со букви и зборови, туку со тајни шифри, членовите на семејството си ги испраќале меѓу себе, докажаа каква била целта на оваа организирана “банда“.
(Порака од Александар Верушевски до неговата мајка)
Опозицискиот лидер ја потврди и автентичноста на ваквите пораки. Заев претходно изјави дека на Верушевски им средувал виза за да избегаат во странство. Потоа призна дека со првоосомничениот во акцијата „Пуч“ имал тајни средби, подоцна ја потвдри автентичноста на шифрираните пораки, а на крај кажа и дека на Верушевски му купил компјутер, а планирал да му купи и автомобил.
Освен со шифрирани пораки инволвираните во случајот „Пуч“ комуницирале и преку социјалните мрежи. Полицијата откри како комуницирале првоосомничениот Верушевски и петоосомничениот Ѓорѓи Лазаревски, кои се обвинети за шпионажа. Комуникацијата ја вршеле преку Скајп, Верушевски под името Златко Велевски регистриран како „Оркестар 11“, а Лазаревски како „Кока-кола 10а“.
Еве дел од разговорот, каде се спомнува граѓанска војна, како посакувана разврска.
оркестар11: ова ќе зоврие
22:19 часот
кока кола10а: можно е да излезе од контрола
оркестар11: навидум овој мир може да експлодира
кока кола10а: ние сме навикнати друг да страда ние сме благонадежни
08.04.2014 во 18:32 часот
оркестар11: ќе биде најверојатно граѓанска војна
И со палки тренираат насилство
Фотографии кои влеаја гнев кај македонскиот народ беа објавени неодамна. Од истите јасно може да се види дека младите членови на СДСМ, по партиските штабови се подготвуваат на насилство. На фотографиите се гледа дека тие со бејзбол палки физички се подготвуваат физички да се пресметаат со неситомислениците.
Очигледно е дека за опозицијата насилството е единствен одговор на неуспехот кој го доживеаја со бомбата која исчури наместо да експлодира. На овој начин социјалдемократите сакаат да го свртат вниманието во случај кога на граѓаните не можат да им понудат ниту програма, ниту идеи.
Зоран Заев и луѓето околу него се соочени дека деструктивното сценарио не им помина. Затоа, како неколкупати досега, работат на подигнување на тензии и вовед во мрачни сценарија, коментираат познавачите.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа