Словенечка министерка за образование поднесе оставка

Словенечката министерка за образование Станка Сетникар-Цанкар денеска поднесе оставка на функцијата, откако во медиумите беше објавено дека во последните 11 години на име хонорари заработила 636.000 евра.

Станува збор за хонорари што таа ги добивала паралено со платата од љубљанскиот Факултет за јавна управа, се до изборот за министер минатата година.

- Не се чуствувам виновна, но не сакам неоснованите критики на моја сметка да ја отоваруваат работата на Министерството, изјави Сетникар-Цанкар на прес-конференција во Љубљана на која ја објави својата оставка.

Словенечките медиуми објавија податоци на Комисијата за борба против корупцијата, според кои во последните 11 година на вработени во јавниот сектор, главно на универзитетски професори и на соработници на јавната радиотелевизија за разни консултантски и работни договори им биле исплатени хонорари во висина од речиси една милијарда евра. 

 

 

Оцени ја веста

06.03.2015 - 16:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега