Драма во Центарот за социјална работа: Девојче испрска со солна киселина полицаец и социјален работник

Вистинска дрма се одвива во Центарот за социјална работа во Србија. 14-годишно девојче денеска полило најверојатно со солна киселина социјална работничка од Центарот за социјална работа  како и полицаец кој се обидел да ја смири.

Двајцата се прегледани во тамошниот Здравствен дом каде им се констатирани полесни повреди.

Девојчето кое има ментална ретардација, ќе биде префрлено во Психијатриската болница „Лаза Лазаревиќ“. Српски „Курир“ јавува дека инцидентот се случил утрово околу 9.30 часот.

-Девојчето влегло во канцеларијата на социјалниот работник и веднаш почнало да вика поради наводно незадоволство од нејзината работа. Службеничката повикала полиција, но тоа продолжило да вика. Кога полицаецот се обидел да ја смири извлекла шишенце со неидентификувана течност за која се сомнева дека била солна киселина и им ја фрлила во лице на полицаецот и социјалниот работник од Центарот- велат соговорница.

 

 

 

Оцени ја веста

06.03.2015 - 16:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега