Опасност поголема од нуклеарното оружје - науката нераскинливо поврзана со убиството

Дали во иднина телата ќе бидат погребани или експлоатирани од страна на индустриските грижници поради тоа што истите содржат многу корисни работи?

Да се потсетиме на „Модерните времиња“  на Чаплин. Човекот е поставен пред подвижна лента со задача да изведе механички движења, не согледувајќи го изгледот на финалниот производ.

Ова сцена потсетува на време со напредна технологија: На подвижна лента работат специјални научни тимови, ангажирани во индустријата на планетарното инжинерство, служници финансиери, банкари и акционерски шпекуланти, без терет на совеста и одговорноста. Задачите се се покомплицирани, и се се одвива брзо и повеќе никој не знае што е конечната цел, ни на кого му служи финалниот производ.

И така стигнавме пред синтетичката биологија: комбинација на роботика и нанотехнологија со вметната интелегенција, а благодетите ги чувствуваат оние среќници кои ќе го преживеат холокаустот – златната милијарда.

Опасност поголема од нуклеарното оружје

Австрискиот биохемичар Ервин Чаргаф (1905-2002) татко на генетичкиот инжинеринг и еден од ретките научници „оптеретени“ со совеста и одговорноста, почувствувал потреба да во последното обраќање пред јавноста, предупреди на последиците на сите поигрувања со гените, изразувајќи каење што далечната 1950 година, природно ја отвори Пандорината кутија на новото научно подрачје.

Чаргаф во академската кариера започна на Берлинскиот универзитет 1930 година, за да наскоро потоа стане жртва на политиката на Хитлер на „расната“ диференцијација, започната со исклучување на Евреите од Универзитетите. Тоа го натерало да во 1940 година ја напушти Германија, но американскиот конзул (симпатизер на нацистите) на неговата мајка и ја укинал визата.

„Никогаш не се чувствував како Евреин, бев германски граѓанин, атеист и космополит – Хитлер од мене направи Евреин“.

Станал жртва на генетскиот инжинеринг на душата. Искуството со еугениката го направи посебно чувствителен на злоупотребата на оваа „научна дисциплина“, со оглед на целосното излегување од контрола на нарачателите, донаторите и менаџерите во поствоените научни проекти, довербата на доктор Менгел.

Чаргаф во 1950 година го пронајде клучот за одредување на структурата на ДНК, што означи пресврт во науката за гените, а неговите правила претставуваа семе во новата наука. Своите откритија бесплатно ги пренесувал на помладите колеги, Џејмс Ватсон и Франсис Црицку, надевајќи се дека развојот на оваа технологија ќе донесе благодет на човештвото.

Кога сфатил како функционира системот, се огласи во јавноста со предупредување. „Развојот на технологијата на генетичкиот инжинеринг претставува поголема опасност од развојот на нуклеарното оружје“. Воведувањето на етиката во науката го дисквалификуваше за добивање на Нобелова награда – која ја добија Ватсон и Крицк – присвојувајќи ги неговите откритија.

Манипулација со гените

Втемелената наука за генетичкиот инжинеринг, како и Никола Тесла, предоцна сфатил дека луѓето не се дораснати за откритија поврзани за гените. Кога приметил дека почнале да се однесуваат како злосторници, предупредил извикувајќи:
„Спречете ги. Манипулираат со гените, тие се подготвуваат за нов Аушвитц“.

Иако нападот врз научниците му донел само проблеми, критички се осврнал и на лекарите:
„Американските лекари се претвориле во слуги на козметичката индустрија. Кога жените ќе направат ново лице и гради, следи вметнат продолжеток на овулација, ако е можно и до сто години. Најстрашно е што, по декодирањето на гените, се обидуваат да создадат нов живот. Тие со време, го продолжуваат стареењето, и самата смрт ја претвораат во болест и срамота. Западниот човек го изгуби достоинството и уметноста на умирањето. Идните генерации поради овој злочин има да не проколнуваат.

Чаргаф најголемата опаснот ја видел во фактот што серијата експерименти ја изведуваат тимови, наместо еден мозок кој во одреден момент застанал и се запрашал: „Кон што води сето ова?“.

По Хирошима почнува да сфаќа дека науката е нераскинливо поврзана со убивањето. Свесен за протерувањето на етиката од науката, тој предупредува на последиците од неодговорното однесување на научниците, неспособни да го контролираат процесот и да ги предвидат последиците, а притоа се уверени дека се и подобри од самиот Бог.

Тој им возвраќа бранејќи го животот:

„Сите генетички манипулации вметнати гени во гени и сите интервенции со генетичка материја на живи организми или со храна претставуваат поголема опасност од експериментите со вакцините со основните атоми. Еднаш пуштени во природата, не можат повеќе да се вратат“.

Слоганот за вечната младост

Во плеадата на шарланти, „талибански модернисти“, се најде и лоповот Џејмс Ватсон. Ужаснат од опседнатоста на Ватсон со гените, Чаргаф го врти вниманието кон себе со изјавата: „Некогаш сме верувале дека нашата судбина е запишана во ѕвездите, сега знаеме дека е во гените“.

Меѓу научниците на Хитлер се истакна и германскиот биолог Хуберт Маркл, познат по изјавата„Дојде време да човечкото суштество биде развиено преку своите граници за да биде целосен човек. Тој ќе го освои своето достоинство само ако се ослободи од судбината на ограничувањето на природата“.

За разлика од фанатиката на модерноста и науката, на Чаргаф никогаш не му паднало на памет да ја „поправа“ природата:

„Сметам дека максималната допуштена интервенција на човекот во обидот да се одбрани од природата, е креирањето на чадорот“.

Денеска истражувачките институти добиваат милијарди долари да го елиминираат дождот. Губитокот на почитувањето кон природата сурово ќе ни се врати.

„Пред крајот на животот Чаргаф ги читал „Есеите“ на Монтењев, во периодот меѓу 1580 и 1588 година и останал запрепастен со фактот што во меѓувреме во човечката природа ништо се нема променето.

„Наместо да ја прифатат староста, болеста и смртта како природен процес во животот, луѓето веруваат во маркетиншките слогани за вечна младост.
Човечката судбина не може да биде поразена од страна на лекарите со помош на скалпер и лекови“.

Мојата жена умре од Паркинсова болест, но никогаш не би дозволил да некој ја лечи со помош на матични клетки од некој починат болесник. А тоа тие го прават, заборавајќи дека секоја еуфорична, медиумски попратена победа над природата е купена со пораз на другата страна. По „успешното“ лечење, на јавноста и се недостапни информации за тоа што подоцна се случило со пациентот за да се утврди кој победил“.

Овој научник во еднаква мера е скептичен за „успесите“ поврзани за генетскиот инженеринг.

„Направена е преголема галама за ништо: изгребана е само површината... иднината ќе ги открие заблудите на ентузијастите уверени дека гените се единствениот алат со кој природата се служи за да го одржи животот, а гените, низ неколку години, никој нема да ги споменува.“

Моралот на кредит

Набљудувајќи како пророците од генетскиот круг се наметнуваат во генијалноста и пророштвата па дури и судбината на неродените бебиња, Чаргаф ги споредува и нивните предвидувања со пророштвата на Питиј од Делфи, само што пророците, астролозите и шаманите се поевтини. Загрижен поради трендот на американските универзитети, да на темелот на пророшката способност на генетичарите го оневозможува запишувањето на студентите со „лоши“ гени, тој заклучува дека на нас „парите ни станаа судбина“.

За овој научник прашањето на патентот на гените и човечкиот живот е клучно прашање на опстанокот на нашата цивилизација. Тој се прашува што денеска се случило со бројните откритија поврзани со основните закони на физиката и астрономијата и дали Њутон, да денеска биде меѓу нас, би барал да му плаќаме патенто право за тоа што се движиме исправено?“.

Таквите типови ги немало порано во науката. „Тој предупредува дека зад научните талибанци стојат политичарски профили како Џерард Шроедер, промотор на прогресот“. Тој изјавил дека промоцијата на генетичкиот инженеринг е негова „морална обврска“.

„Тој пат води во молекуларен Аушвиц“, извикува Чардаф, потресен со будењето на нацистичката фикс-идеја во науката и безрезервното учествување на научниците подготвени на пакт со ѓаволот. „Тие наскоро ќе го укинат и оплодувањето и раѓањето. Родителите ќе ги добиваат децата преку интернет, а научниците ќе измислуваат гени како коктел – но тоа повеќе нема да бидат луѓе.

Душата не може да се клонира... Живееме во време на насилие на науката над животот, со злоупотреба на јазикот, природните науки, надежта... Ќе дојдеме во фаза кога телата повеќе нема да бидат погребувани, туку експлоатирани од страна на индустриските грижници, затоа што содржат многу корисни работи. На човештвото му доаѓа крајот!“.

 

Па сепак, Чаргаф на нас по загрижувачката дијагноза за светот во кој живееме, ни даде и малку надеж, дозволувајќи можност да од тоа избегаме: „Денешната наука, особено биологијата, ги покажува сите симптоми на пропаст на Западот. Сугурен сум дека еден ден ќе се појават гени со спасувачки решенија, но за нив мораме да создадеме услови и да ги развиеме механизмите за препознавање. Тие гени сигурно нема да гледаат ТВ, ниту бидат зависници од мобилни, а со нив ќе бидат отстранети и сите оние лажни авторитети. Нивното срамно умствение за создавање и мултициплирање, луѓето во иднината ќе го отфрлат како барбаризам на 20 век. 

 

 

Оцени ја веста

05.03.2015 - 11:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега