ХОЛИВУДСКА ДЕКАДЕНЦИЈА: „50 нијанси на сиво“ е девијантен филм кој ќе ве уништи! - но жените го обожаваат

Парите и пропагандата кои стојат зад овој филм се огромни, а резултатите се индоктринација на една структура во општеството, во најголем дел меѓу младите и онака збунети луѓе кои би требало да помислат дека насилната љубов е нешто нормално.

Симболично токму на Валентин, како да е во прашање некоја љубов, во светските кина излезе филмот под име 50 нијанси на сиво“.

Станува збор за еротска девијација која кај младиот овек само може да го уништи и ништо повеќе. Имено девијантното сексуално однесување, насилството и порнографијата, се изум на ѓаволот, а само валканата сотонистичка и добро платена холивудска пропаганда може вакво нешто да им го протолкува на младите како љубов.

Од истоимениот роман како од овој филм, кој го освојува светот, стои ни повеќе ни помалку чиста ѓаволска работа, која има за цел да ја уништи и онаа вистинска љубов, но и да го уништи достоинството на човекот. Зошто? Затоа што сатаната го мрази човекот.

Неверојатно е тоа што истата машинерија ја турка контрацепцијата и абортусот како одговор на неодговорното сексуално однесување, а истовремено ги валка младите луѓе со вакви и слични порнографски видеа, кои потикнуваат на дијаболично однесување како подоцна последиците да би морале да се лечат – убивање (абортус) на човечки суштества, додека наспроти тоа „чистата“ и достоинствена љубов не би смеела да се спомене.

Тоа не е кул и фора. Кул е насилие и порнографија. Јасно е имено како ден дека во тој филм, љубовта ја нема и дека останува само пустош, на измачени души кои љубовта ја бараат на погрешно место.

Парите и пропагандата, кои стојат зад овој филм се огромни, а резултатите се индоктринација на цела една структура на друштво, најмногу на младите и онака збунети луѓе, кои ќе помислат дека насилната љубов е нешто нормално, возбудливо па дури и посакувано, а во реалноста всушност вистината е дека станува збор за една таква девијација која вака прикажана во филмот може да предизвика само болка, психички проблеми, нешто на што реагираше и еден психијатар, кој во своето писмо упатено на младите луѓе, јасно изјави дека овој филм во душите на младите може да внесе само црнило и ништо повеќе од тоа. Нејзиното писмо ви го пренесуваме во целост:

„Како психијатар, мојата работа е да им помогнам на лицата кои одвнатре се чувствуваат скршено. За да ја утврдиме причината на болката, некои лекари користат рендгенски снимки или крвни анализи, но раните со кои јас се занимавам се скриени. На моите пациенти им поставувам прашања и внимателно ги слушам нивните одговори, односно на тој начин откривам зошто лицето со кој јас разговарам крвари.

Многу научив од луѓето кои со години ги слушам за нивните болки. Сфатив дека младите луѓе се збунети кога е во прашање љубовта, како да ја пронајдат и како да ја задржат во својот живот.

Притоа младите често прават погрешен избор поради кој на крајот многу патат.

Не би сакала да вие кои ги читате овие работи, патите како луѓето со кој јас оставарувам контакт во мојата ординација. Токму поради тоа сакам да ве предупредам за филмот 50 нијанси сиво, кои неодамна почна да се прикажува во кината. Дури и ако не го гледате, неговата порака полека се вовлекува во нашата култура, и би можела со своите опасни пораки да влезе и во вашите глави. Затоа бидете претпазливи.

Филмот 50 нијанси сиво“ во кината стигна на Валентајн, за да помислиме дека се работи за романтична драма. Но не наседнувајте на тоа , затоа што всушност станува збор за филм за кој говори за болесната и опасна врска на преполно телесно и емоционално насилие.

Се се чини многу гламурозно, затоа што згодните глумци возат скапи возила, и имаат приватни авиони, а над сето тоа им пее и Бијонсе. Се ви наведува да помислите да главните ликови како Кристијан и Ана се кул и нивната врска е нешто поинаква, но прифатлива.

Но, не допуштајте да манипулираат со вас, од нивните холивудски студија. Тие луѓе од вас се што сакаат се вашите пари. Нив не ги интересира ниту лично за вас, ниту за вашите сништа.

Насилието не е ни гламурозно ниту посакувано. Тоа е неприфатливо без оглед на околностите.

Треба да знаете дека Кристијан Греј, главниот лик во „50 нијанси на сиво“ бил неверојатно запоставен како дете. Збунет е кога е во прашање љубовта затоа што онаа вистинската никогаш не ја доживеал. Во неговата глава љубовта се меша со тешки чувства како што е болката и срамот. Кристијан на бизарен начин ужива во контролата и понижувањето на жената. Анастасија  е незрела млада девојка која и бил привлечен изгледот на Кристијан, и неговото богатство нешто што непромислено и удоволува на нејзините желби.

Во реалноста оваа приказна би имала неславен крај. Кристијан би завршил во затвор, а Ана на лечење или во мртовечница. Можеби Кристијан би продолжил да ја тепа Ана, а таа би трпела останувајќи со него. Во секој случај нивните животи сигурно нема да бидат бајковити. Верувајте ми на зборот.

Како психијатар ве советувам да НЕ го гледате „50 нијанси во сиво“. Информирајтесе, дознајте ги фактите од своите пријатели, објаснете им зошто ни за нив не е добро да го гледаат тој филм.

Еве неколку опасни пораки кои се прометнати во филмот:

1. Девојката сака маж како што е Кристијан затоа што сака да и се наредува и грубо да се постапува кон неа.

Не! Психички здравата жена избегнува врска која и нанесува болка. Таа сака да чувствува сигурност, почитување и љубов кон мажот кон кого му ја дала својата доверба. Таа сонува за венчаница, а не за лисици за сексуални игри.

2. Мажите сакаат девојки кои се кротки и несигурни како Анастасија

Погрешно. Психички здравиот маж сака девојка која знае да се избори за себе. Што повеќе, кога во нешто ќе претера, тој сака да таа да му помогне за да ги доведат работите во ред.

3. Анастасија прави слободен зибор кога ќе прифати да биде повредена и никој не може да и суди за нејзината одлука. Искривена логика. Анстасија слободно избрала, но лошо избрала. Аутодеструктивните одлуки се лоши одлуки.

4. Анастасија својата одлука врзана за Кристијан ја носи на промислен и зрел начин.

Се сомневам. Кристијан, на Анастасија непрекинато и нуди алкохол со тоа што и ја нарушува нејзината моќ на расудување. Многу набрзо откако ќе го запознае таа се впушта во сексуални односи со него.

Нервното вмрежување говори дека нивната интимност во неа го покренува и создава чувство на интимност поради кое таа му ја поклонува целата своја доверба иако таа сеуште не е сигурна дали го заслужува. Сексот им овозможува силно и интезивни доживување, особено првиот пат. На конец, Кристијан манипулира со нејзе, набедувајќи ја да потпише правен договор кој и забранува да на кого било каже дека тој е всушност злостовувач. Алкохолот, сексот и манипулацијата не е состојки на промислени и зрели одлуки.

5. Со љубовта на Анастасија се излечени емоционалните проблеми на Кристијан

Само во филм. Во реалноста, Кристијан воопшто не би се променил. За да Анастасија може да помогне на луѓето кои патат од последица на емоционални рани, би станала психијатар и социјален работник.

6. Добро е да се експериментира за сексуалноста

Можеби... ако се работи за возрасни лица кои верни едни на други, живејќи во здрава моногамна заедница која е позната под називот брак. Во спротивно, ќе се изложите на ризик на сексуални преносливи болести, непосакувана бременост, и сексуално злоставување. Треба да бидеме доста внимателни кога ќе одлучиме на кого ќе се довериме и телесно и емоционално во смисла на тоа што, понекогаш е доволна само една средба поради која вашиот живот може да тргне во сосема погрешна насока.

Заклучок: силата на „50 нијанси во сиво“ се наоѓа во способноста на овој филм, да го засади семето на сомнеж. Постои голема разлика меѓу здравата и нездравата врска, а преку овој филм се брише таа разлика за да самите почнеме да си ги поставуваме пршањата како „Што значи здравата врска? Што може да биде болесно во еден однос? Толку нијанси во сиво... Не сум повеќе сигурен.

 

 

Оцени ја веста

04.03.2015 - 19:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега