Дали знаете зошто женските и машките кошули се закопчуваат од различна страна?

За почеток: Дали некогаш сте се запрашале зошто копчињата на женската облека се наоѓаат од левата страна, а на машката од десната страна?

Одговорот на ова прашање навистина ќе ве изненади.

Не е можно со сигурност да се утврди кога и зошто дошло до тоа машката и женската облека да се закопчува на различна страна.

Постојат различни теории за тоа како започнала приказната, а ова се некои од најверодостојните.

Теорија број 1:

Според најраспространета теорија, сето тоа започнало уште во 19-тиот век, кога жените од високите кругови имале помошници при облекувањето, па фустаните шиени за нив имале копчиња од левата страна, како нивните слугинки би можеле полесно да ги закопчаат со својата десна рака. Подоцна, ова било прифатено како вообичаен тренд.

Но, оваа теорија има свои недостатоци. Првиот недостаток е тоа дека многу жени и немале вакви помошнички кои би им помагале при облекувањето, меѓутоа, тоа може да се објасни со фактот дека жените од високата класа биле трендсетерки, па останатите дами ја следеле таа мода без оглед на фактот дека за нив тоа било помалку практично.

Но, и мажите кои ѝ припаѓале на високата класа тогаш имале помошници кои им ги закопчувале уште побројните копчиња на костумите, но сепак копчињата останале на десната страна.

Уште еден недостаток на оваа теорија се однесува на прашањето зошто ова не се случило и порано, бидејќи тоа било пракса и во целиот 18-ти век, а повторно промената на страната на која се наоѓале копчињата не се случила сè до првата половина на 19-тиот век, за во втората половина веќе да стане стандард.

 

Теорија број 2:

Друга интересна теорија вели дека копчињата на женската облека се поставени од левата страна, како жените би морале да ја користат инфериорната лева рака, што би требало да укажува дека тие се наоѓаат под мажите според својот општествен статус.

Меѓутоа, за оваа теорија нема докази, а и таа има сериозни недостатоци. Всушност, жените сами на себе си ги шиеле копчињата од левата трана, па се поставува прашањето зошто тие самите себе си би се поставувале во подредена позиција.

 

Теорија број 3:

Третата и најверојатната теорија е многу слична на првата, меѓутоа се разликува во еден важен детаљ. Копчињата кај жените биле поставени од левата страна затоа што дамите од високите кругови не се облекувале сами, но не затоа што сакале да им ја олеснат работата на слугинките, туку затоа што сакале со тоа да потенцираат колку се богати што не мора и сами да се облекуваат.

Иако овој тренд започнал во првата половина од 19-тиот век, околу 1840-тите и 1850-тите, сè уште се шиела женска облека со копчиња од десната страна, а шансите да наидете на копчиња од левата страна биле 50-50.

Но, во 1860-тите, речиси секое парче женска облека поседувало копчиња од левата страна, а тоа се поврзува со напредокот на технологијата, односно, со усовршување на машините за шиење. Тогаш облеката почнала индустриски да се произведува, а производителите го прифатиле трендот на леви копчиња.

КУРИР

 

 

Оцени ја веста

03.03.2015 - 16:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега