Еко такса за белата техника од 2015-та година

 

Во Македонија од  1 јануари 2015 година се воведува еко такса за увоз и продажба на електричните апарати, која според увозниците, ќе придонесе да се зголемат цените на апаратите за домаќинство.

Таксата е согласно европските регулатива, а се пресметува врз основа на видот, тежината и трошокот за рециклирање на апаратот.

Бојан Лалиќ од „Техномаркет“ вели дека давачката на пример за еден фирижидер кој тежи 60 киломграви таксата би била 3.000 денари. Според него сумата е висока и смета дека треба да се одложи примената на оваа регулатива.

- Постои  опција   наместо  да се плаќа еко такса да се формира  посебно здружение   на увозници кое  за одреден надоместок  ќе врши  собирање  и уништување на апаратите  и тогаш таксата ќе биде договорна, појасни Лалиќ кој потенцира дека и во тој случај ќе поскапат апаратите.
 
Во овој случај фирмите увозници би платиле на тој колективен  постапувач, но колку не се знае бидејќи во змејава  се уѓте не е формирано такво  здружение.  
  
Од Министерството за животна средина информираат дека  засега  увозниците на бела технмика треба само  да се регистрирааат кај нив, бидејќи  во спротивно нема да  може да  работат.

Ленче Кучиева, помошник раководител во секторот за ЕУ во Министерството за животна средина и просторно планирање вели дека постои можност да се одложи примената. 

- Прва обврска на производителите и увозниците на апарати е да се регистрираат кај нас до крјот на 2013 година,  процес кој е веќе започнат. Освен регистрација   со законот е предвидено  овие обврзници  да се организираат во колективен систем. Треба  да рециклираат одреден процент  одреден според количината  на опрема што ја имаат пуштено во промет претходната година. Оваа обврска стапува во сила  до крајот на 2014 година и мора да се плаќа надомест во буџетот  но Министерството  прави анализи  за одлагање на роковите.

Средствата од еко таксата ќе се слеат во државната каса  за финасирање на еко проекти  за  управувањесо отпад  на електрични апарати.

ФОТО: virtualnigrad.com 

најчитано сега