Пронајдена минофрлачка граната во кичевско

На падините на планината Љубен над кичевското село Цер изутрината е пронајдена и со контролирана експлозија уништена артилериска минофрлачка граната од 125 милиметри.

Гранатата во раните утрински часови ја нашле вработени од Шумското стопанство Лопужник - Кичево. 

-  Поради опасноста од експлозија при транспорт на пронајдената граната, таа е уништена со контролирана експлозија на самото место место. Со тоа е отстранета опасноста од последици од нејзино случајно активирање, соопшти Дирекцијата за заштита и спасување. 

ФОТО: Дневник 

најчитано сега