Шест пешаци прегазени на скопските улици - што се случило викендов?

Во текот на изминатите три дена на подрачјето на Град Скопје од страна на сообраќајната полиција извршен е увид на вкупно 24 сообраќајни незгоди.

Во петокот се случиле 10 сообраќајни незгоди. Од нив, три се со последица материјална штета и седум се со последица телесни повреди, во кои со полесни повреди се здобиле пет возачи на патничко моторно возило, пет пешаци, еден возач на товарно моторно возило и еден сопатник.

Во саботата извршен е увид на вкупно седум сообраќајни незгоди, од нив три се со последица материјална штета и четири се со последица телесна повредна, во кои со полесни повреди се здобиле тројца возачи на патничко моторно возило и еден велосипедист, додека во текот на вчерашниот ден извршен е увид на вкупно седум сообраќајни незгоди. Од нив, четири се со последица материјална штета и три се со телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле двајца возачи на патничко моторно возило, еден пешак и еден велосипедист.

Во текот на изминатите три дена од страна на сообраќајната полиција откриени и санкционирани се 60 возачи кои не го почитувале ограничувањето на брзината на движење, од нив 26 возачи со возилото се движеле со брзина поголема од 90 километри на час во населено место, 46 возачи кои го управувале возилото под дејство на алкохол и истите се исклучени од сообраќај, како и 15 возачи кои не ги почитувале светлосно сообраќајните знаци на крстосниците, односно поминале на црвено светло на семафорот.

Со помош на специјалното возило „пајак“ во текот на овие три дена од страна на сообраќајната полиција отстранети се 95 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.

За денеска нема најавено вонредни настани со што се очекува сообраќајот да се одвива тековно и според постоечката сообраќајна регулатива. 

 

 

Оцени ја веста

02.03.2015 - 09:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега