Вечерва Централен комитет на ВМРО-ДПМНЕ: Ги повикуваме сите граѓани да се приклучат во одбрана на Македонија
Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ денеска одржа седница на која покрај другото ја разгледа актуелната политичка состојба во земјава и му даде целосна и безрезервна поддршка на претседателот на партијата и премиер Никола Груевски.
Во соопштението се осудува, како што се вели, недозволивото, срамно и деструктивно однесување на раководството на СДСМ и нивната стратегија за предизвикување на дестабилизација на Република Македонија.
- Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, согласно својот статут и континуитетот на кој се повикува, а поврзан со суштината на делувањето на историското ВМРО, потенцира дека нашата партија има историска одговорност да се бори против вакви деструктивни потези кои имаат цел спротивна на националните и државни интереси на Република Македонија. Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ без никаква дилема упатува јасна порака до сите дека нема да дозволи спроведување на туѓи сценарија, дестабилизација на државата и насилно превземање на власта спротивно од волјата на мнозинството граѓани. Сите оние што наумиле да ја воведат државата во такви сценарија добро е со време да се откажат, се вели во соопштението.
Партијата апелира до сите членови и симпатизери да не наседнуваат на провокации, а избраните функционери да продолжат да работат во интерес на граѓаните и да креираат нови проекти.
- Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ги повикува сите граѓани на Република Македонија да се приклучат на оваа борба за зачувување на достоинството, стабилноста, демократијата и економскиот развој на нашата држава. Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ апелира и ги повикува сите надлежни државни институции максимално професионално, одговорно и ефикасно да ги испитуваат и разрешуваат сите сомнежи и прашања поврзани со актуелната состојба во државата, се наведува во соопштението
Во продолжение соопштението од состанокот на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во целост
Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ денес одржа редовна седница, при што покрај другите прашања, ја разгледа и актуелната политичка состојба во Република Македонија. На седницата беа усвоени следните заклучоци.
Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ дава целосна и безрезервна поддршка на Претседателот Никола Груевски, Извршниот Комитетна партијата и Владата на Република Македонија во справување со предизвиците наметнати од неодговорното однесување на СДСМ.
Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ го осудува недозволивото, срамно и деструктивно однесување на раководството на СДСМ и нивната стратегија за предизвикување на дестабилизација на Република Македонија.
Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, согласно својот статут и континуитетот на кој се повикува, а поврзан со суштината на делувањето на историското ВМРО, потенцира дека нашата партија има историска одговорност да се бори против вакви деструктивни потези кои имаат цел спротивна на националните и државни интереси на Република Македонија.
Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ без никаква дилема упатува јасна порака до сите дека нема да дозволи спроведување на туѓи сценарија, дестабилизација на државата и насилно превземање на власта спротивно од волјата на мнозинството граѓани.Сите оние што наумиле да ја воведат државата во такви сценарија добро е со време да се откажат.
Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ им дава јасна насока и апел на сите членови и симпатизери, на секој еден поддржувач на нашата партија да не наседнуваат на провокации, да застанат гордо, силно и во збиени редови во одбрана на достоинството и честа на државата и нејзините национални интереси.
Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ наложува на своите избрани функционери, да продолжат да работат исклучиво во интерес на граѓаните, да креираат нови проекти, да градат, да создаваат услови за нови работни места. ВМРО-ДПМНЕ е и ќе продолжи да биде партија која создава подобри услови за живот. Сценарија за конфликти, дестабилизации,пучови, лаги и манипулации се одлика на опозицијата.
Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ги повикува сите граѓани на Република Македонија да се приклучат на оваа борба за зачувување на достоинството, стабилноста, демократијата и економскиот развој на нашата држава.
Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ апелира и ги повикува сите надлежни државни институции максимално професионално, одговорно и ефикасно да ги испитуваат и разрешуваат сите сомнежи и прашања поврзани со актуелната состојба во државата.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа