Ја фрлил ќесата со дрога и почнал да бега - фатен дилер од Гостивар

Вчера во 3 часот во Гостивар, на улицата „Борче Јовановски“, А.Ш. (41) од селото Добридол, гостиварско, кога ги забележал полициските службеници кои вршеле редовна служба, се дал во бегство и во негова близина фрлил една кеса.

Од страна на полициски службеници А.Ш. е фатен и приведен во Полициска станица, а при извршениот преглед на местото на настанот пронајдена е кесата со 25 пакетчиња со непозната прашкаста материја најверојатно хероин. 

Од страна на Гостиварската полиција против А.Ш. е поднесена кривична пријава поради постоење основи на сомение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ за што од страна на судија на претходна постапка му е изречена мерка притвор во траење од 30 дена. Пронајдените пакетчиња се подигнати и предадени за вештачење.

 

 

 

Оцени ја веста

28.02.2015 - 13:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега