Стариот нож од црквата Света Петка ми помогна да родам!

Пред повеќе од дваесеттина години една млада невеста од Преспа, имала проблематична бременост. Го изгубила бебето. Сонувала сон да го земе стариот нож од црквата Света Петка од Брајчино и цела година да го држи под својата перница. Направила така. Родила од Бога дарувана прекрасна ќерка.

Како што пишува Медиа.мк, луѓето кои се грижат за оваа манастирска црква, не сакале ништо да кажат за ножот, но признале декаи другу луѓе по сон дошле да бараат лек тука.

Друга, неверојатно чудна работа е што изворот на лековита вода која е веднаш до манастирчето цела година е пресушен, само малку протекува на седми август, вечерта спроти празникот, и на осми август кога се слави празникот на манастирот, повторно секнува.

Манастирот посветен на Света Петка, во непосредна близина над селото Брајчно, е еден од позначајните споменици на поствизантискиот период од преспанскиот крај.

 

 

Оцени ја веста

27.02.2015 - 15:25
Фото: 
медиа

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега