Сочувајте ги сите детали од вашиот живот во 4K резолуција со новите компактни handycam камери од SONY
ПРВАТА 4K КАМЕРА СО БАЛАНСИРАНА ОПТИЧКА STEADYSHOT™ СТАБИЛИЗАЦИЈА НА СЛИКАТА
Еднаш кога ќе ги пробате, веќе никогаш нема да се задоволите со ништо помалку. Оваа година, Handycam камерите конечно ја доловуваат емоцијата и возбудата на секој момент – живописна 4К слика што ќе ве обземе.
СНИМЕТЕ ГИ СИТЕ ДЕТАЛИ СО 4К HANDYCAM®
Асортиманот на камери за 2015 година од Sony го предводи Handycam FDR-AXP33, камера која нуди неверојатен реализам на 4К резолуција за уште поширока публика.
Како што расте продажбата на 4K Ultra-HD телевизорите ширум светот, потрошувачите се повеќе сакаат самите да создадат 4К содржина. Handycam ви дозволува да ги сочувате сите спомени од семејните собири и одморите во неверојатен 4К квалитет.
Моделот FDR-AXP33 е приближно 30% помал и 20% полесен од постоечкиот FDR-AX100, удобно лежи во рака, проширувајќи ја привлечноста на 4К за поширока публика со неспоредлива моќ за снимање. Ова е првиот модел на 4К камера од Sony со Балансирана Оптичка Стабилизација на сликата (B.O.SS) за незаматени снимки кога снимате со камерата држејќи ја во рака. Овој моќен систем за стабилизација на сликата го прави 4К видеото неверојатно мазно и стабилно, од широкоаголно до телефото.
Како и сите други 4К камери од Sony оваа година, моделот FDR-AXP33 снима користејќи ефикасен XAVC S формат за блескави 4K снимки кои лесно може да ги сочувате, монтирате и споделите. Снимателите кои се чувствителни на квалитетот може да снимаат со екстра висок бит рејт од 100Mbps, за коешто ќе ви биде потребна SDXC UHS-I U3 или подобра картичка за 4K 100Mbps снимање. Со повеќе информации за секој еден кадар, 4K снимките изгледаат појасни и поостри – дури и кај деликатните и динамичните објекти во движење како што е прскањето со вода од црево во градината.
Педигрето на Sony за емитување видео е повеќе од очигледно кај 4K Handycam, со професионалните опции на FDR-AXP33 кои вклучуваат мануелен прстен и копче на коешто може да му се назначат функции како зумирање, фокус и експозиција. Моделот FDR-AXP33 исто така има ISO-компатибилна, Multi Interface шина за блиц којашто прифаќа најразлични додатоци и ги проширува креативните можности за секој снимател.
Дури и на премногу сончеви денови, составувањето на сцените е вистинско задоволство преку новиот и подобрен електронски визир (EVF) со високи перформанси кој открива три пати повеќе детали од претходните модели. Исто така има светол и убав 3.0” Wide Xtra Fine LCD со WhiteMagicTM дисплеј којшто им дозволува на корисниците да ги видат суптилните детали и тонови на екранот за преглед на снимките и инстантно подесување на камерата, во било каква средина за снимање.
По снимањето, поврзете го FDR-AXP33 со вашиот 4K телевизор со HDMI кабел и повторно доживејте ги оние скапоцени спомени во вибрантни детали и бои. Исто така можете да уживате во спектакуларни резултати со камерата на било кој Full HD телевизор. Големата количина на податоци во секоја 4K рамка автоматски се прилагодува на емитување во Full HD.
Како посебно подобрување, Handycam FDR-AXP33 е подготвен да ги “прилагоди” 4K снимките, отсекувајќи позадини и проширувајќи одреден дел од кадарот за да го исполни екранот во Full HD квалитет. Големината на скратувањето може да се промени со користење на зум клацкалката или иконка на екранот за одлично кадрирани резултати, со тоа што минималната големина на скратениот кадар треба да биде 1920 x 1080.
НОВИ НАЧИНИ ЗА СНИМАЊЕ И СПОДЕЛУВАЊЕ НА СПОМЕНИТЕ
Асортиманот на Full HD камерите од Sony исто така добива значителни подобрувања, овозможувајќи ви максимално уживање во секој момент. Три нови модели - HDR-PJ620, PJ410 и CX405 – нудат брилијантен HD квалитет на снимање и технологии за стабилизација на сликата.
Стандардно за сите Handycam модели, Highlight Movie Maker ви дозволува да креирате и споделувате одлични кратки филмчиња пропратени со ефекти за транзиција и музика во позадината без притоа да имате познавања за монтирање. Handycam ги одбира и ги спојува најдобрите снимки кои може да ги споделите со пријателите и семејството. Бидејќи податоците се сочувани во MP4 формат, лесно може да ги споделите вашите филмови преку социјалните медиуми.
Сите во просторијата може да уживаат во пакетот од најбитни моменти на Handycam модели со вграден проектор – сега со силни 50 лумени светлина кај FDR-AXP33.
Достапен кај поголемиот дел од новите модели, Multi Camera Control нуди возбудливи нови креативни опции, дозволувајќи ви да контролирате и други компатибилни камери, истовремено вклучувајќи клучни функции како старт или стоп за снимање, зум, контрола на блендата за фотографии и други стандардни подесувања. Со користење на ActionCam или фотоапаратите во форма на објективи, корисниците може да користат до 5 камери истовремено.
По снимањето лесно може да комбинирате снимки од секоја камера со користење на PlayMemories Home за креирање на динамична монтажа покажувајќи ја секоја перспектива истовремено.
Live Streaming, достапен единствено на моделите кои имаат Wi-Fi ви дозволува да емитувате HD видео снимки и звук од Handycam преку безжична пристапна точка. Стримувајте роденденски прослави или школски концерти директно преку веб за пријателите и семејството во моментот кога се случуваат.
XAVC S 50Mbps снимањето во висок битрејт, за кое е потребна SDXC Class 10 или подобра картичка, како и напредна форма на стабилизација на сликата – било да е балансирана оптичка стабилизација на сликата или оптичка стабилизација на сликата со Intelligent Active mode – се вклучени во асортиманот на Handycam за 2015 година, овозможувајќи ви да направите незаматени снимки богати со детали. Со 26.8 mm широкоаголното снимање, може да направите убави снимки од вашите семејни одмори, патувања или секојдневниот живот.
Новиот асортиман на Handycam 4K и Full HD камери од Sony е достапен за нарачка на www.sony.co.uk. Моделите ќе бидат достапни во Европа од Февруари 2015.
Моделот FDR-AX100 ќе подржува XAVC S 4K 100Mbps снимање во висок битрејт преку системско ажурирање закажано за Март 2015.
ЗА SONY:
Sony е водечки производител на аудио, видео, игри, комуникациски уреди и производи за информатичка технологија како за потрошувачи, така и за професионалци. Преку музиката, сликите, компјутерската забава и онлајн бизнисите, Sony е единствено позициониран да биде еден од светските водечки потрошувачки брендови. Sony забележа консолидирани годишни приходи од 75 милијарда долари за фискалната година која завршува во Март, 2014. За повеќе информации посетете ја интернет страницата: www.sony.net.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа