Грчката радио и телевизија и понатаму не емитува програма
Програмата на грчката државна телевизија ЕРТ ни денеска не се емитува во етерот, иако таа може да се следи преку интернет, а за тоа време грчкиот премиер Андонис Самарас уште еднаш ќе се обиде да преговара со коалициските партнер за да избегне политичка криза по контроверзната одлука за исклучување на сигналот на јавниот сервис.
Сигналите на каналите на државната телевизија и радио беа исклучени пред осум дена, откако Владата реши ЕРТ привремено да пестане да работи во рамките на мерките за штедење што ги бараат меѓународните кредитори.
Пред два дена Државниот совет, највисокото правосудно тело во Грција, ја отфрли одлуката на Владата за затворање на ЕРТ и нареди таа повторно да почне со емитување на програмата.