ПРЕСВРТ: Заев се откажа од прислушувањето - сега ќе напаѓал со сведоци
Лидерот на СДСМ Зоран Заев се откажа од прислушуваните разговори. Како што станува поизвесно дека го чека затворска казна, така паниката во опозицискте редови и меѓу нивните поддржувачи платени од СОРОС станува се поголема.
Во новиот број на соросвиот ФОКУС во своето интервју кое овој весник го пренесува а насловната страна, Заев вели дека има сведоци кои ќе ги урнеле Груевски и Мијалков.
Ваквиот став на Заев доаѓа откако по пресудата за Зоран Костовски во јавноста стана јасно дека лидерот на СДСМ соработувал со странски и дека во разговорите кои ги објавува нема ништо освен чаршиски муабети кои задоволуваат само воајерски пориви на одредени луѓе во опозицијата.
Познавачите на состојбата велат дека ова е само признание на Заев дека не поседува телефонски разговори кои докажуваат евентуално незаконско постапување на функционерите од власта па сега ќе се сврти кон одредени сведоци кои ќе треба да ја завршат работата што странските тајни служби не успеаја.
Дека во опозицијата владее голема паника говори и податокот што Заев побарал од известувачот Ричард Ховит да влијае врз судскиот систем во земјава и да спречи негово апсење.
Дека е така потврди и самиот Ховит на социјалните мрежи, кој рече дека побарал од МВР да не го уапси опозицискиот лидер иако би требало да знае, дека налозите за апсење на ги издава Министерството за внатрешни работи.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа