„Гентерм“ идниот месец ќе почне да ја гради фабриката во Прилеп

Компанијата „Гентерм“ идниот месец планира да ја почне изградбата на фабриката во Развојно-технолошката зона во Прилеп. Фабриката треба да почне со работа во октомври. 

Ова денеска го истакна менаџерот на „Гентерм“, Јорк Еверс, кој со своите колеги денеска во просториите на општина Прилеп, се сретнаа со градоначалникот Марјан Ристески Двете страни се запознаа со намерите на „Гентерм“ да инвестира, чиј договор беше потпишан вчера во Владата.

Претставувајќи ја компанијата, менаџерот на „Гентерм“, Јорк Еверс нагласи дека компанијата е присутна во Мексико, Кина, Украина, има 8.600 вработени со годишна продажба од 800 милијарди долари. 

- Новата производствена линија решивме да ја градиме во Прилеп. Се нудат добри услови и квалификувана работна сила, а државата ни понуди поволности. Ова беше пресудно за да инвестираме во Прилеп. Клиенти на „Гентерм“ се „Фолксфаген“, „БМВ“, „Тојота“. Фабриката во Прилеп ќе биде на 20.000 метри квадратни, инвестицијата од 20 милиони евра и ќе вработиме околу 2.000 лица, изјави Еверс.

Според градоначалникот Марјан Ристески, оваа инвестиција ќе ја раздвижи локалната екомномија, ќе ги впрегне силите и на локалните компании и ќе ја намали невработеноста

- Покрај овие директни 2.000 вработувања, ќе има уште 1.000 други индиректни вработувања бидејќи компанијата ќе соработува и со други услужни дејности и фирми, додаде Ристески.

 

 

Оцени ја веста

25.02.2015 - 19:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега