Груевски: Двајцата учесници во „Пуч“ признале дека прислушувале за странски служби

 

Министерството за внатрешни работи, по пријавата за упатени закани од страна на Зоран Заев до премиерот Никола Груевски регистрирал два начини за тоа како се снимале разговорите.

За првиот начин, премиерот на денешната прес конференција, истакна дека веќе има една правосилна судска пресуда.

-Според сведочењето и признанието пред истражните органи во правосудната постапка на двајца од притворените, лицето З.В. врбувал две лица кои му помогнале во снимање на матерјалите за што добиле парична надомест. Двете лица според сознанијата кои ги добив, го признаа делото пред истражните органи во кривичната постапка, и како што пред малку видовме од медиумите судот веќе едно од лицата кое во целост го признало делото го осуди за виновно и му изрече затворска казна. Лицето Ѓ.Л. кое патем речено во времето кога лицето З.В. извршувал висока државна функција во МВР било негов прв соработник, откако се соочило со доказите на МВР и обвинителството за сторено кривично дело, го призна делото признавајќи дека како познаник и повеќе годишен соработник на лицето ЗВ го врбувал лицето З.К. вработен во УБК од 1993 кој е најискусниот инжињер во МВР и кој работел токму на опремата за следење на комуникации во МВР која се користи само во законски одобрена постапка. Тој му кажал дека на ЗВ му се потребни снимени матерјали со цел нивно давање на странска разузнавачка служба, а заради нејзини потреби за следење на политичките и општите состојби во РМ. За тоа му била ветена а потоа и реализирана парична награда во повеќе наврати. Материјалите биле доставувани до трет фактор, и користени за анализи и други дејствија, истакна премиерто Груевски.

Тој додаде дека лицето З.К. ја прифатило незаконската понуда и нелегално, спротивно на закон ги приклучувало на снимање сите броеви кои доаѓале како нарача од лицето З.В., а во посредство на лицето Ѓ.Л. Снимените материјали ги предавал редовно на лицето Ѓ.Л., а овој пак на лицето З.В., по што следела паричната награда.

-И двајцата пред истражните органи изјавиле дека биле убедени дека тој материјал ќе заврши само кај странска разузнавачка служба, и дека никогаш нема да биде објавен јавно, што им влевало надеж дека никогаш нема да бидат разоткриени. Кај двете лица во извршениот претрес и проверки најдени се материјални докази за истотото и поголеми количини на пари и акции. Меѓу другото во претресот на лицето З.К. пронајдени се и ЦД-а со снимени телефонски разговори  и тоа е пронајдено во неговата канцеларија.Снимањето според нивните искази започнало во 2009тата година, посочи премиерот.

Грувски нагласи дека со ова паднале во вода и сите обвинувања на опозицијата дека ние стоиме зад прислушувањето за што всушност тие немаат ниту еден доказ.

 

 

Оцени ја веста

25.02.2015 - 17:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега