Груевски: Разговорите кои ми ги прераскажуваше Заев беа со неважни примери, а намерата беше само да ја сфатам сериозноста на заканата
Премиерот Никола Груевски на днешната прес конференција нагласи дека за време на средбите лидерот на СДСМ, Зоран Заев со намера да ја сфати серизноста на неговите закани му прераскажувал неважни примери од прислушкуваните разговори.
-Откако информирав дека дел од прераскажаните разговори, кои ми ги прераскажуваше Зоран Заев беа делумно точни, дел половично точни и половично неточни и дел целосно неточни, во јавноста еден период имаше шпекулации што тоа тој ми кажал. И кои разговори се точните разговори. Односно дека наводно сум признал дека нешто е точно. Одговорот е дека ми прераскажа неколку разговори кои беа бенигни, неважни, без некоја посебна тежина, но требаше да послужат да ме убедат дека навистина тој има такви разговори снимени. Со други зборови, целта беше да ми биде дадено до знаење дека заканата е реална а не блеф, истакна премиерот.
Тој посочи дека Заев му прераскажал еден разговор во кој разговарал со конкретен пратеник кој се пожали од односот на еден министер, по што Груевски телефонски контактирал со министерот и го прашал зошто го навредил пратеникот, на што министерот негирал дека нивната дискусија била онаква како што нему му ја преставил пратеникот, за што посочил и сведоци од присутните на нивната дискусија именувајки ги сведоците присутни по име.
-Или втор пример од изборите во 2013 кога еден пратеник на ВМРО-ДПМНЕ револтиран од провокациите на терен во струмичкиот регион, во разговор со директорот на УБК, изразувајки револт од односот кон него на некои активисти на СДСМ, во лутина го информира дека размислува да се пресмета физички со нив, употребувајќи во нервоза радикални зборови, на што директорот на УБК му кажал дека тоа не е добро и дека го советува да не го прави тоа, совет кој пратеникот го прифатил.
Значи, ќе повторам, прераскажувањата беа со неважни примери и намерата беше само да ја сфатам сериозноста на заканата, посочи Груевски.
Премиерот рече дека му биле потенцирани и други разговори кои укажувале дека се целосно измислени или монтирани.
-Пример дека за прашања од областа на надворешната политика јас многу често се советувам со еден наш пратеник, пред да разговарам со министерот за надворешни работи, а станува збор за пратеник со кого реално јас се имам слушнато 2-3 пати на тема неповрзана со надворешната политика, во последните 4 години. Затоа реков јавно, а тоа му го кажав и на него директно, дека постојат разговори кои се неточни, а некои од нив делумно точни, затоа што не е тешко со денешната технологија, кога имате илјадници разговори од некого, да монтирате и да ги ставите во одреден контекст и функција, појасни премиерот Груевски на денешната прес-конференција.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа