СЛУШНЕТЕ: Одличина кавер-верзија на „Тhinking Out Loud“ на Бојан Дамјаноски

Младиот пејач Бојан Дамјаноски или како што публиката го памети како еден од членовите на дуото „Line Out“ направи одлична кавер-верзија на светскиот мегахит „Тhinking Out Loud“ на „Ed Sheeran“.

Ова е само најава за она што допрва го подготвува Бојан, а ќе се појави некаде кон крајот на пролетта.

- Се одлучив за оваа песна за тоа што е една од најубавите кои сум ги слушнал во мојот живот. Песната е веќе долго време на врвот на светските топ-листи, а сметам ѝ дека заслужува со оглед на одличниот текст Пред да се одлучам да ја снимам оваа нумера се консултирав и со неколку мои колеги, кои само ми дадоа зелено светло да седнам во студио и да направам кавер-верзија на истата. Сакам да им се заблагодарам и на екипата од моето „Маало“ од Кичево, каде го снимавме ова видео. Се надвам дека ќе ви се допадне – вели Дамјаноски.

Песната е инаку снимена во студиото на „Тhe Next Level Production – TNL“ на Христијан Ѓоргиевски. За придружните вокали се погрижи Симона Стојковска, додека тапаните се на Оливер Стојкоски, а за бас- гитарата беше задолжен Ѓоко Срезоски.  Како режисер на видеото се потпишува Марио Манески.

Уживајте во изведбата:

 

 

 

Оцени ја веста

25.02.2015 - 11:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега