Филмска бркотница во Дебар - Албанци паднаа во рацете на полицијата

Вистинска филмска бркотница вчера се одвивала кај Долно Блато во Дебар. По сознанија дека можно е да се врши шверц со дрога, полицајци излегле на терен со специјално моторно возило кое е опремено со уред за ноќно и денско набљудување при што во близината на патот кој води кон шталите на 33 “Прогрес“ забележани се две лица кои илегално влегле во државава од Албаниј, а се криеле во близина на регионалниот пат кој води од Граничниот Премин Блато. При обид лицата да бидат фатени се дале во бегство во различни правци едното лице кон Р.Албанија а другиот кон с.Шулан, дебарско кое се наоѓа во близина на државната граница на Р.Македонија со Р.Албанија.

Лицето кое што се упатило во правец кон Р.Албанија во кординација со албанските полициски органи е фатено на албанска територија од нивна страна и притоа утврдено е дека тоа е 22-годишниот П.М албански државјанин а второто лице успеало да побегне.

При извршен детален преглед и претрес на теренот по правецот на движење и трагите кои видно се гледале на снегот каде претходно со помош на термалната камера биле забележани и лицата при што во една од нивите во атарот на селото Бањиште, дебарско во меѓа обрасната со ниско стеблеста шума е пронајдена една бела јутена вреќа во која имало две најлонски кеси обвиткани со самолеплива трака со непозната тревкаста материја.

По добиено вештачење констатирано е дека се работи за марихуана.

Против лицата е поднесена кривична пријава.

 

 

Оцени ја веста

23.02.2015 - 11:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега