Членови на СДСМ: Месец дена пукаме со петарди - ни ја фрлија вистинската бомба во двор
Вистинска паника владее на Бихаќка откако вчера беше објавено видеото на кое може да се види како лидерот на Обединети за Македонија го продава името за 70.000 евра.
Раководството на СДСМ не може да се соземе откако само 180 секунди видео ги пушти низ вода сите снимки кои Заев ги објавува цел месец.
По вчерашниот ден, веќе ниту еден граѓанин на Македонија нема дилема дека Љубе Бошкоски е осуден согласно законот и дека за тоа навистина имало дебели докази, како што и тврдеше директорот на ДБК Сашо Мијалков.
Истовремено во вода падна и обидот на СДСМ врз грбот на Љубе Бошкоски да организира протести кои треба да резултираат со нереди низ Скопје.
Раководството на СДСМ е збунето. Членството е разочарано од обидот на Заев и најтесниот круг соработници да дојде на власт со материјали добиени од странски служби, и коментира дека по петардите кои ги објави тој, стигнала и првата вистинска бомба, но експлозијата ја почувствувале само луѓето на Бихаќка.
Во СДСМ стравуваат од снимките кои ги најави групата анонимуси, зад која се уште не може да се утврди дали стои самиот Заев или пак луѓето кои не се согласуваат со неговата политика.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа