Фатени крадци кои оперирале во Центар и Бит Пазар

СВР-Скопје до надлежното Основно Јавно обвинителство поднесе кривична пријава против лицата 20-годишниот Д.Ф. осомничен за извршени седум кривични дела  „тешка кражба“, Д.О. (23), Б.С. (23) и М.Б. (16) за извршени по три кривични дела „тешка кражба“, како и против лицата И.Н. (21) за едно кривично дело „тешка кражба“ и Р.С. (44), Р.С. (30) и Г.А. (16) кои се сомничат за сторено кривично дело „прикривање“.

Пријавените, соопшти денеска МВР,кои кривичните дела ги извршиле во периодот од април минатата година до февруари годинава и тоа четири на подрачјето на Бит Пазар и три на подрачјето на Центар, се проценува дека се стекнале со противправна имотна корист од околу   2.614.637 денари.

Според документираните сознанија од истрагата, пријавените тешките кражби, една во стан и две во куќи, ги вршеле во вечерните часови откако ќе се увереле дека нема да бидат забележени и со употреба на сила и погоден алат влегувале во објектите од каде што одземале разни предмети: сервиси тањири , вилушки, разна гардероба и алати, а во еден случај однеле и 130 килограми бакар и околу 70 килограми месинг. Украдените предмети, стои во соопштението, ги препродавале на пазарот за стари работ на Кал,е а дел и на пријавениот Г.А., а парите ги трошеле за свои потреби.

Краделе и во останати објекти и тоа во Театарот Комедија и Албански театар и во фирмата Репро Принт ДООЕЛ Подружница на „Нова Македонија“ на ул. „Васил Ѓоргов“. Тие со употреба на физичка сила и насилно влечење ги откорнувале металните заштитни решетка кои биле поставени на прозорите, а потоа го кршеле и го отворале  прозорците се прекачувале и влегувале во објектите. Таму вршеле пребарување и претурање при што одзеле телевизори, ДВД плеер, тв ресивер, три мечеви, 12 лап-топ компујтери, разна фотографска опрема (апарати, торбици, објективи, блицеви и друго), а потоа  го напуштале  местото на настанот. Украдените предмети, се појаснува во сопштението од МВР, ги носеле во населбата Шуто Оризари и ги продавале на пријавениот  Р.С. за многу пониска сума од реалната, а добиените пари ги поделиле и ги потрошиле за свои лични потреби. И последната тешката кражба во моторното возило е извршена од страна на првопријавениот Д.Ф. на тој начин што со употреба на подесен алат и физичка сила ја отворил совозачката врата од возилото влегол внатре го откорнал и го одзел радио ЦД-то, и истото  го однел во населба Шуто Оризари и го продал на пазарот, а  парите ги потрошил за свои лични потреби.

Врз основа на наредба на Основен Суд Скопје 1 -Скопје  извршен е претрес во домот на пријавениот Р.С.при што кај него се пронајдени  дел од украдените предмети кои со потврди  се одземени и тие им се вратени на оштетените. Инаку Д.Ф. е познат извршител на кривични дела од областа на имотните деликти за што досега му се  поднесени шест кривични пријави, исто така и на Д.О поднесени му се четири кривични пријави од областа на имотните деликти, а кривично пријавувани преходно се и Б.С. со една кривична пријава, И.Н. тринаесет кривични пријави, Р.С. една, и М.М. две кривични пријави.

 

 

Оцени ја веста

22.02.2015 - 12:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега