Спасов премолче за пазарењата на попустите на А1 и продажбата на името

 

Поранешниот генерален секретар на СДСМ Ѓорѓи Спасов преку дефокусирање сака да го сврти вниманието од скандалозното и експлицитно распродавање на името, кое Љубе Бошкоски го прави и е јасно поткрепено со видео снимка, нешто што наидува на остра осуда од јавноста.

Спасов ја обвинува Сител телевизија зошто го пренела видеото кое претходно се објави на Јутјуб, а не кажува ниту збор за фактот што Бошкоски јасно му кажува на посредникот дека поради тоа што ставил новинарка од А1 телевизија на неговата изборна листа, договорил попуст на А1 кај Велија Рамковски, како и несоборливиот факт дека Бошкоски земал пари кои подоцна не ги пријавил и на тој начин незаконски ја финансирал кампањата.

Спасов молчи и за дилемата дали и СДСМ исто како и Бошкоски договарала и тргувала за својата изборна кампања со А1, кандидирајки ги новинарите од оваа телевизија Сафет Бишевац и Ленче Николовска на изборните листи.

Лицемерно е Спасов да говори за владеење на закони и правда, кога токму тој беше министерот за правда на СДСМ кој ја спроведе одлуката на партијата која изгласа 600 судии без присуство на опозицијата во еден ден, со што го погреба независното судство.

Името на Спасов се поврзува и со агенцијата „Рејтинг“, која во јавноста остана запамтена со тотално промашување во кое предвидуваше победа на Стево Пендаровски на претседателските избори. Имајќи ги во предвид конечните резултатите промашувањето на Рејтинг беше толку големо, што познавачите на состојбите коментираа дека агенцијата треба да размисли да ја врати лиценцата за работа.

Исто така, останува нејасно за каква “местенка“ говори Спасов, кога има видео, има признание, има договор и има земање на пари за продажба на името што претставува потврда на делото.

 

 

Оцени ја веста

22.02.2015 - 00:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега