Скопјанец домот си го претворил во магацин за дрога

СВР Скопје - Единица за недозволена трговија со дрога, поднесе  кривична пријава до надлежното Основно Јавно обвинителство-Скопје против 48-годишниот Ф.Џ. од Скопје, осомничен дека сторил кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.

Скопјанецот, од засега непознато лице набавил поголема количина хероин, кој го препакувал и чувал во својот дом, а потоа ја продавал дрогата на зависници и овозможувал на дел од нив да ја користат во неговиот дом. Со наредба од судија на претходна постапка е извршен претрес во неговиот дом,  при што се пронајдени 7,45 грама хероин спакуван во четири полиетиленски паковки, 19,40 грама мешавина од парацетамол и кафетин и 14,66 грама лактоза, кои се мешаат со хероинот.

Инаку, на Ф.Џ. и претходно му била  поднесена кривична пријава за недозволена трговија со синтетички дроги, а тој е трипати кривично пријавуван за прикривање на предмети кои потекнуваат од кривични дела.

 

 

Оцени ја веста

21.02.2015 - 12:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега