Хорор во Скопје: Младо момче прободено со нож

По полноќ околу 1 часот и 30 минути во болницата „Св. Наум Охридски“ бил донесен 18-годишниот О.И. од Скопје со повреда од нож во пределот на ногата како и скршеница на долна вилица. Момчето, според податоците од полицијата, со повредите се здобило на булеварот „Кочо Рацин“ кога го нападнале неколку непознати лица и му одзеле една машка торбица во која имало 3.000 денари, мобилен телефон, а еден од насилниците со употреба на нож му нанел повреда по што избегале од лице место.

Се работи на расчистување на случајот.

 

 

 

 

Оцени ја веста

21.02.2015 - 12:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега