Голем пожар во скопско Црниче: На терен седум протвпожарни возила

Седум противпожарни возила интервенирале вечерва на улицата Славејко Арсов во населбата Црниче поради пожар во индивидуална куќа, јави Плусинфо повикувајќи се на официјални информации од командирот на Територијалната противпожарна единица на Град Скопје, Благоја Менкоски.

Како што објасни тој, пожарот е ставен под контрола, интервенцијата била брза, а огнот зафатил околу 80 квадратни метри покрив и потпокривна конструкција.

– Интервенираа седум возила, пет од Автокоманда, две од Тафталиџе, За среќа нема повредени граѓански лица и пожарникари, а за причината сега не можеме да зборуваме, за тоа после увидот сепак ќе мора да се изјасни СВР Скопје – изјави Менкоски.

 

 

 

 

Оцени ја веста

20.02.2015 - 22:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега