ФОТО: Неговата мајка пробала да го абортира, но се случило нешто неверојатно

Минатата година, Андреа Миничини отишла во болницата во Њу Џерси да абортира, знаејќи дека воопшто не сака да го проголта смртоносното апче во нејзината рака.

Лекарот ја советувал дека апчето е скапо и дека ќе се стопи ако таа не го земе наскоро. Истиот лекар, кој она го видела за прв пат, и ја повторил одлуката која веќе Андреа ја донела заедно со нејзиниот дечко- дека ова не било вистинско време за дете.

Го голтнала апчето и си заминала дома со второ, кое требало да го испие по 24 часа.

 -Чекав 24 часа, а потоа отидов во собата за итни случаи, раскажува Андреја.

Таа очајно побарала да се најде начин за да го спаси своето бебе. Но, вработените во болницата и кажале дека нејзиното бебе ќе се роди со деформитет доколку го прекине абортусот.

Веднаш повикала двајца лекари, вклучувајќи го и нејзиниот матичен лекар, но ниту тие не можеле да и помогнат.

Почнала да крвари, а имала и мали грчеви. Иако мислела дека веќе е премногу доцна, едно случајно пребарување на Гугл ја довело до приказна за една жена од Калифорнија, кој имала дете по медицински абортус.

Дошла и до телефонскиот број на 24-часовна линија, а медицинската сестра ја поврзала со лекарот во Кларк, Њу Џерси, кој и дал инјекции за неутрализирање, а потоа го следел текот на целата нејзина бременост.

Неверојатно, Габриел Давид е роден 31 декември 2014 година, два дена пред предвиденото време и тежел над 3,5 килограми.

Синот на Миничини е еден од 78-те бебиња родени после првиот абортус со апче, кој за прв пат бил изведен во 2007 година.

Секое дете е дар од Бога. Абортусот на бебето во вашиот стомак е исто како да го убивате детето кое веќе го имате дома.

Затоа, драги мајки, не ги убивајте своите деца и одберете живот, а Господ ќе се погрижи за се останато.

 

 

Оцени ја веста

20.02.2015 - 21:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега