Нов автогол на Заев: Мијалков јасно кажа дека законите се строги и дека важат за сите

 

Нема прошка за никого, законите сега се строги… Ова го вели шефот на УБК, Сашо Мијалков во разговорот со уредникот на „Сител“, Драган Павловиќ-Латас во рамките на материјалите од снимени разговори меѓу лица од раководни позиции во домашни инситуции и новинари, а кои се во рацете на лидерот на опозицијата, Зоран Заев, пишува Телеграф.

Во разговорот, на кој цел на снимањето, како што заклучуваат домашни аналитичари, е токму шефот на УБК, Мијалков нагласува дека нема прошка за прекршување на законите, односно дека нема да дозволи насилство за време на изборите

 Според домашни аналитичари, оваа снимка, што денеска ја објави лидерот на опозицијата, Зоран Заев, укажува дека во земјава, и покрај тврдењето на опозицијата за бројни нерегуларности, изборите биле регуларни, при што било нагласено строго почитување на законските правила.

Заев, воедно, денеска се пофали со снимки на кои, како што тврди, апсењето на поранешниот министер за внатрешни работи Љубе Бошкоски било однапред испланирано.

- Тоа е политички монтиран случај со цел докрај да се понижи Бошкоски – рече Заев, кој денеска објави, како што рече, снимени разговори меѓу Сашо Мијалков и Драган Павловиќ-Латас, како и меѓу Мијалков и Емил Стојменов, сопственик на телевизијата „Канал 5“.

 Заев донесе заклучок дека разговорите покажувале оти Мијалков, министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, шефот на кабинетот на премиерот Никола Груевски, Мартин Протуѓер, уредникот на „Сител“, Павловиќ-Латас, и Стојменов укажале на, наводно, монтирано апсење на Бошкоски.

 

Сепак, во снимките повторно се нагласува дека кај Бошкоски е пронајдена поголема количина пари во кеш, наменети за финансирање на неговата предизборна кампања.

 

 

Оцени ја веста

20.02.2015 - 20:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега