Естетски хирург открива: Какви операции имаат направено Северина и Ана Николиќ?

Како ѕвездите го одржуваат младешкиот изглед?

Кога ќе ги споредиме фотографиите на познатите од почетокот на кариерата и денес ќе заклучиме дека кај голем дел од нив има драстични трансформации направени преку различни третмани за разубавување, но и пластични операции.

Пластичниот хирург Кристина Давидовиќ открива дека најголем дел од жените бараат усни како на Северина.

- Северина ми е омилена естрадна личност, а и на многу други дами. Па така често се случува тие да имаат желба да им направам усни како нејзините. Северина ги пополни усните, брчките околу усните, ги подигна јаболчниците и стави ботокс помеѓу веѓите и околу очите. Дури и веѓите ги подигна со ботокс, а призна дека неодамна го оперирала и носот, изјави доктор Кристина и продолжи со уште една ѕвезда љубител на естетските зафати.

Ана Николиќ која јавно ги рекламира своите естетски зафати ако ја споредите со почетокот на кариерата ќе забележите дека ги пополни усните, ги подигна јаболчниците и ги пополни брчките околу усните. И таа користеше ботокс на челото , меѓу веѓите и околу очите, додаде доктор Кристина.

 

 

Оцени ја веста

20.02.2015 - 13:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега