Вандали го оштетиле градскиот парк во Гевгелија

Непознати сторители по втор пат ги оштетиле и целосно ги искорнале 30-те новозасадени дрвца во Градскиот парк кај железничката станица во Гевгелија, соопштија денеска од јавното претпријатие „Комуналец“.

Секторот за паркови и зеленило ги известиле инспекциските служби, а случајот е пријавен во полициската станица во Гевгелија.

Непознатите лица во одводниот канал ги фрлиле вреќите со песок што беа поставени како заштита од неодамнешните обилни врнежи, а во каналот успеале да фрлат и контејнер со отпадоци.

- Очигледно на некои граѓани им сметаат зелените површини во градот и мерките што ги презедовме за заштита од можните поплави. Апелирам до граѓаните да се однесуваат посовесно кон заедничкиот имот и активностите што се преземаат за подобрување на урбаните услови и да им се спротивстават на неодговорните поединци кои ги злоупотребуваат нивните пари, изјави градоначалникот Иван Франгов. 

 

 

Оцени ја веста

20.02.2015 - 13:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега