Познат скопски крадец „падна“ во рацете на Алфите

СВР-Скопје до надлежното ОЈО  со кривична пријава го предаде  лицето Е.Р. (39) од Скопје поради основано сомнение дека  извршил едно кривично дело - “тешка кражба“, за што од страна на Судија на претходна постапка одредена му е мерка притвор во траење од осум дена.

Е.Р. извршил едно кривично дело тешка кражба во продавница  лоцирана на ул. “Ѓорче Петров“  при што украл повеќе видови на електричен рачен алат како бормашини, брусилици, хилти, шмишајбни и комплет кутии со алат од различни марки.

-Пријавениот тешката кражба ја извршил на тој начин што  во раните утрински часови, дошол до продавницата  која што се наоѓа во подрумскиот простор на куќата и откако се уверил дека нема да биде забележан, најпрвин со употреба на физичка сила и штрафцигер го скршил катанецот со кој била заклучена заштитната метална решетка на влезната врата а потоа делувал во пределот на бравата помеѓу касата и вратата и откако успеал насилно да ја отвори вратата влегол во продажниот простор од каде што ги зел горенаведените предмети. Ги ставил во два куфери  како и во една пластична канта за отпадоци, излегол од продавницата и незабележан го напуштил лице место при тоа стекнувајќи се со противправна имотна корист од околу  321.752 денари.Веднаш по извршувањето на кривичното дело во непосредна близина пријавениот е пресретнат од полициски службеници на единицата Алфа и заедно со предметите е приведен во ПС “Ѓорче Петров“, каде е извршен претес при што е пронајден и одземен штрафцигерот со кој е извршено кривичното дело, соопштуваат од МВР.

Од страна на полициски службеници со пријавениот Е.Р. извршен е разговор во кој истиот го појасни начинот на извршување на  кривичното дело, а со потврда за привремено одземени и вратени предмети, одземени се украдените предмети и  вратени  на оштетениот .   

 Врз основа на наредба на Основен Суд Скопје 1 -Скопје од страна на полициските службеници од ККР и ПС Ѓорче Петров извршен е  претрес во домот на пријавениот при што не се пронајдени предмети кои потекнуваат од кривични дела .

Инаку Е.Р. е познат извршител на кривични дела од областа на имотните деликти за што од страна на СВР Скопје му се поднесени 33 кривични пријави.

 

 

 

Оцени ја веста

20.02.2015 - 12:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега